петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Кирјос го критикуваше Ѓоковиќ за „Адриа тур“, а замина на забава без маска (ФОТО)

Кирјос го критикуваше Ѓоковиќ за „Адриа тур“, а замина на забава без маска (ФОТО)

Еден од најконтроверзните тенисери на денешницата, Австралијанецот Ник Кирјос беше еден од најгласните со напади врз првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ поради организацијата на „Адриа тур“. На турнирите во Белград и Задар се заразија голем број на учесници меѓу кои беше и Новак Ѓоковиќ, неговата сопруга Јелена, Григор Димитров, Борна Чориќ, Горан Иванишевиќ и Виктор Троицки.

Кирјос секојдневно на социјалните медиуми упатуваше критики кон учесниците како во време на пандемија не почитуваат мерки. Сепак, работите се свртеа и против него, а голем дел од коментарите на социјалните мрежи се дека тој е тежок лицемер. Имено, Кирјос бил на забава во Австралија каде по почетната фотографија со пријател со маски, во текот на вечерта Кирјос почнал да се опушта, па по некое време кога забавата ја доживеала кулминацијата тој веќе заборавил на моралните вредности и почитувањето на препораките во борбата со Ковид-19. Најголеми напади од јавноста има бидејќи тоа се случило во ден кога во Австралија има најголем број на позитивни случаи, односно 501.

Коронавирус