недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 53
home Останати спортови

Кипчоге: Верував во рекорд, но не со такво време (видео)

Кипчоге: Верував во рекорд, но не со такво време (видео)

Кениецот Елиуд Кипчоге кој во Берлин постави нов светски рекорд во маратон изјави дека не очекувал толку добро време.

33-годишниот Кипчоге 42,195 километри на Берлинскиот маратон ги истрча со време 2:01.39 часа, што е за една минута и 18 секунди побрзо од досегашниот рекорд.

-Верував дека ќе го срушам рекордот. Но, да бидам искрен, не очекував дека тоа ќе биде за повеќе од една минута, изјави Кениецот.

Не беше лесно. Среќен сум поради резултатот. Тој се должи на напорна работа и добри подготовки за берлинскиот БМВ маратон, додаде Кипчоге.

Коронавирус