Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз освои нов престижен трофеј во кариерата, откако славеше над првиот светски рекет, Јаник Синер во финалето на Мастерсот во Рим со конечни 2-0, по сетови 7-6/5 и 6-1.
Алкараз беше особено доминантен во вториот сет и му нанесе тежок пораз на Синер, кој имаше огромна поддршка од домашната публика. Шпанскиот ас ја заокружи мисијата за еден час и 45 минути, освојувајќи го на крајот својот дваесетти трофеј од големите турнири.
Во првиот сет Алкараз успеа да се извлече и спаси две сет-топки за противникот,