вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 50
home Останати спортови

Каратистот Емил Павлов македонски знаменосец во Тарагона

Каратистот Емил Павлов македонски знаменосец во Тарагона

Каратистот Емил Павлов ќе го носи македонското знаме и ќе ја предводи нашата делегација на церемонијата на отворањето на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија.

Игрите започнуваат денеска и ќе се одржуваат до први јули.

Македонија ќе биде застапена со 71 спортист во 15 спортови – карате, џудо, борење, бокс, теквондо, ракомет, одбојка, кошарка 3х3, стрелаштво, стреличарство, коњички спорт, атлетика, тенис, пинг-понг, веслање.

Македонските спортисти втор пат учествуваат на Медитеранските игри.