сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

Каратистите на Макпетрол со успешен настап во Ријека

Каратистите на Макпетрол со успешен настап во Ријека

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали од кои еден сребрен и три бронзени на силниот Меѓународен турнир „Кроација опен 2018“ во Ријека, Хрватска. Во конкуренција на 25 држави и 1.915 спортисти тие, исто така освоија и четири високи пласмани на петтото место.

Во сениорска мконкуренција Моника Пендароска (-55 кг) и Давид Петков (67 кг) освоија бронзени медали, во возрасната категорија на помлади сениори (У-21), Петар Спасеновски (-84 кг) освои сребрен медал и Давид Петков го освои вториот бронзен медал на овој турнир.

Високи пласмани на петто место остварија: Петар Заборски (-75 кг) и Петар Спасеновски во сениорска конкуренција, додека Глигор Петков (-75 кг), и Давуд Рамаданоски (-68 кг) во јуниорска конкуренција. Сите се бореа за влез во финале но загубија и потоа и во репасажните борби не успеаја да освојат медал.

– По завршувањето на овој турнир кога ги собравме сите резултати, сакам да истакнам дека сме многу задоволни од постигнатото. Од Македонија во Ријека учествуваа вкупно 44 каратисти, а се освоија само 5 медали. Затоа сакам да потенцирам дека сите наши натпреварувачи оставија извонреден впечаток и презентираа едно врвно и модерно карате на овој високо рангиран европски карате турнир кој се одржа во Ријека, изјави тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

Резултати на сениорите и помладите сениори:

Сениори
-55 кг
Моника Пендароска – Нина Зупанчиќ (Словенија) 5-0
Моника Пендароска – Дина Дурмиш (Србија) 0-0

Репасаж
Моника Пендароска – Јулија Рајтер (Австрија) 1-0
Моника Пендароска – Тал Харше Бен (Израел) 6-0

За бронза
Моника Пендароска – Моника Бургерова (Чешка) 6-0

У21 Помлади сениори

Моника Пендаровска – Пизагија Анита (Италија) 2-0
Моника Пендаровска – Ек Ронја (Норвешка) 8-0
Моника Пендаровска – Ноеми Салерно (Швајцарија) 0-3

-67кг, Сениори:
Давид Петков – Леонардо Гаетани (Швајцарија) 10-0
Давид Петков – Стјепан Штимац (Хрватска) 2-0
Давид Петков – Томас Касерер (Австрија) 0-4

Репасаж
Давид Петков – Алан Деспоис (Франција) 8-0

За бронза
Давид Петков – Дино Поврзениќ (Хрватска) 1-0

-84кг- У-21:
Петар Спасеновски – Кевин Гулиот (Франција) 2-0
Петар Спасеновски – Иван Баждар (Хрватска) 0-0
Петар Спасеновски – Матеја Рогозарски (Изреал) 2-0

Финале
Петар Спасеновски – Јоел ван Моеркерк (Холандија) 2-7

-67 кг – У-21:
Давид Петков – Романо Џовани (Италија) 6-2
Давид Петков – Марко Џиан Пачино (Италија) 8-0
Давид Петков – Лука Кондиќ (Хрватска) 0-0
Давид Петков – Доминик Микула (Чешка) 1-2

За бронзен медал
Давид Петков – Јован Цириќ (Србија) 1-1

– 75 кг
Петар Заборски – Навас Аксел (Франција) 1-0
Петар Заборски – Визард Кристиан (Италија) 5-1
Петар Заборски – Томислав Хајербак (Хрватска) 1-0
Петар Заборски – Гарибович Енес (Хрватска), 0-2 полуфинале
Патар Заборски – Брунер Филепе (Швајцарија) 3-3, победа со прв земен поен.

Коронавирус