петок, 13. декември 2019. Вести денес: 122
home Останати спортови

Канада ја елиминираше Австралија и се пласираше во полуфиналето за „Дејвис купот“

Канада ја елиминираше Австралија и се пласираше во полуфиналето за „Дејвис купот“

Канада обезбеди пласман во полуфиналето во новиот формат на „Дејвис Куп“, откако Вашек Поспишил и Денис Шаповалов го добија решавачкиот натпревар во двојки против Австралија.

Бр.150 на светска ранг листа, кој игра исклучително инспирирано од почетокот на неделата во Мадрид, им даде предност на „јаворовите листови“, откако во воведниот натпревар го совлада Џон Милман со 7-6 (7), 6-4.

Шаповалов, кој досега имаше и два успешни синглови, беше близу до третата победа против Алекс Де Минор, но на крај беше поразен со 6-3, 3-6, 5-7. Шампионот од Стокхолм, сепак, се опорави малку подоцна и заедно со Поспишил го совладаа тандемот Џордан Томпсон и Џон Пирс со 6-4, 6-4.

Така, Канада се квалификува во полуфиналето, каде нејзин ривал ќе биде победникот меѓу Србија и Русија, дуел кој се игра во сабота.

Во другите две четвртфиналиња, во попладнево ќе се соочаат Велика Британија – Германија и домаќинот Шпанија против Аргентина.