Останати спортови

Калин Ивановски елиминиран на турнирот во Франција

Калин Ивановски елиминиран на турнирот во Франција

Македонскиот тенисер Калин Ивановски беше елиминиран во осминафиналето на Челенџер турнирот во француски Ројал откако загуби од Димитар Кузманов со 2-1 по огромна борба.

Мечот траеше речиси два ипол часа, но Македонецот немаше сили за подвиг против петтиот носител и фаворит. Ивановски отвори добро, го доби првиот сет со 6-4 и стекна предност. Сепак, 253. тенисер на АТП рангирањето успеа да го сврти мечот во своја корист.

Кузманов ги доби вториот и третиот сет со по 6-3, надигрувајќи го Ивановски во борбата за пласман меѓу осумте најдобри.

Калин Ивановски успеа да мине една пречка во Ројал победувајќи го словачкиот тенисер Гомбос, но со настапот против Кузманов го комплетира настапот во францускиот град.

To top