недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

Како коронавирусот ја промени фитнес индустријата?

Како коронавирусот ја промени фитнес индустријата?

Како што се шири пандемијата предизвикана од новиот коронавирус, така фитнес индустриите ширум светот ги затвараат теретаните и се прилагодуваат на новата реалност. Промените ги натераа фитнес инструкторите да бидат креативни и флексибилни пред да се вратат на работа.

Овие промени ја погодија и фитнес индустријата која во 2018 година вредеше 94 милијарди долари.

Некои јога студија нудат бесплатни часови на Instagram. Фитнес инструкторите ги поставуваат новите видеа на Instagram и YouTube каналите. Водат виртуелен тренинг бидејќи тимското поврзување додека работат на далечина е многу важно.

Во САД се затворени скоро 30.000 фитнес сали и теретани. Коронавирусот значително ќе го намали бројот на теретани во Европа и САД. Истата ситуација е и во нашата држава – затворени се сите теретани по препорака на Владата.

Многу теретани креираат YouTube канали за да ги забавуваат своите клиенти. На пример, омилениот HIIT studio Orange Theory секојдневно споделува 30-минутни вежби на YouTube каналот.

Тука е и  фитнес инструкторката Наташа Јовановска која споделува одлични видеа со лесни и ефективни вежби.

Коронавирус