петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 197
home Останати спортови

„Како дете сонував за еден трофеј, а сега се надевам и на седми пехар на Вимблдон“

„Како дете сонував за еден трофеј, а сега се надевам и на седми пехар на Вимблдон“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е најдобар во светот откако во финале го совлада Матео Беретини со 3-1 во сетови, односно 6-7, 6-4, 6-4 и 6-3.

Ѓоковиќ го престигна Бјорн Борг по број на титули во Лондон, па сега има една помалку од неговиот идол од детството, Пит Сампрас.

„Како дете сонував да освојам еден трофеј на Вимблдон, а не седум, но тој сон ми се оствари уште во 2011 година. Успеав да се искачам на првото место на АТП-листата и да имам незаборавен пречек во Србија. Тоа е врв на мојата кариера. Секако имам други цели и вртам нов лист. Морате да имате некои цели во животот за да ве мотивираат да се борите. Јас го сакам тенисот, но за да играте на професионално ниво мора да знаете каков е вашиот план“, вели Ѓоковиќ.

Коронавирус