сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 129
home Останати спортови

Јужна Кореја започнува со вакцинирање на олимпискиот тим

Јужна Кореја започнува со вакцинирање на олимпискиот тим

Јужнокорејските спортисти, кои ова лето ќе настапат на Олимписките игри во Токио, утре ќе ја примат првата доза вакцина против Ковид-19, јавија денеска локалните медиуми.

Првата група од околу стотина спортисти и тренери ќе бидат вакцинирани в четврток, додека преостанатите околу 500 членови на олимпискиот тим првата доза вакцина ќе ја примат на почетокот на мај.

Близу 2.7 милиони Јужнокорејци од вкупно 52 милиони жители на оваа азиска држава досега примиле прва доза од вакцината против коронавирусот.

Вакцинирањето против Ковид – 19 не е задожително за учество на Игрите во Токио, но се препорачува.

Олимпијадата во Токио, која лани беше одложена поради пандемијата, треба да се одржи од 23 јули до 8 август.

Австралискиот олимписки комитет за идната недела, исто така, најави почеток на вакцинирање на своите спортисти, откако обезбеди вакцини преку приватен доставувач за да се избегне оптоварување на јавниот здравствен систем.

Коронавирус