среда, 14. април 2021. Вести денес: 28
home Останати спортови

Јован Стојоски единствен македонски атлетичар на претстојното Европско првенство

Јован Стојоски единствен македонски атлетичар на претстојното Европско првенство

Полскиот град Торун од 5 до 7 март ќе биде домаќин на Европското сениорско првенство во сала на кое македонската атлетика ќе има еден натпреварувач во Јован Стојоски.

Македонскиот атлетичар пристигна во Торун и се подготвува за својот настап во квалификациите во трката на 400 метри, што е на програмата в петок.

-Учеството на нашиот атлетичар на ова големо првенство ќе има директно влијание во ранкинг-листата на Светската атлетска федерација, според која ќе се распределуваат и слободните места за летните Олимписки игри во Токио, соопшти денеска Атлетската федерација на Македонија (АФМ).

Освојувачот на златниот медал на 3.000 метри на неодамнешното Балканското првенство во Истанбул Дарио Ивановски, беше принуден да го откаже настапот на Европското првенство во Полска поради позитивен тест на коронавирус. (МИА)

Коронавирус