петок, 3. декември 2021. Вести денес: 94
Во живо

Мицкоски во Прилеп на средба со претставници на Регионалната стопанска комора

home Останати спортови

Јотовски победник на турнирот „Бовин Неготино опен“

Јотовски победник на турнирот „Бовин Неготино опен“

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски е победник на „Бовин Неготино опен“  што се играше изминативе денови на терените на Тенискиот клуб Неготино.

Тој во финалето вчера попладне,  го совлада Стефан Мицов со 2-0, во сетови (6:3 и 7:6(1) во гемови).

– Одиграв добар меч. Го дадов својот максимум денес, за да победам. Честитки до организаторот на турнирот, се надевам ќе се видиме и наредната година, изјави  Јотовски веднаш по мечот.

„Бовин Неготино опен”  е турнир со долга традиција.

– Првиот турнир го организиравме во далечната 1994 година. Оттогаш  наваму, успеавме да изградиме една долга традиција и еве оваа година да ги собереме дел од најдобрите македонски играчи. На турнирот настапија 49 играчи од цела Македонија, изјави Ванчо Лазов, претседател  на ТК Неготино.

Коронавирус