вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 121
home Останати спортови

Јапонскиот амбасадор на средба со претседателот на македонската Таеквондо федерација

Јапонскиот амбасадор на средба со претседателот на македонската Таеквондо федерација

Денеска под водство на претседателот на Македонската Таеквондо Федерација Борче Костовски на повик од Јапонската амбасада во Македонија, беше остварена средба со Јапонскиот амбасадор Н.Е Хиронори Савада и секретарот за култура Канако Теруи, информира Дарко Костовски.

„Од Јапонската амбасада изразија големо задоволство за остварените успеси на Македонското олимписко таеквондо, детално поразговаравме за изминатите успешни години и освојување на врвни спортски одличја на нашиот национален тим во олимписко таеквондо како на европско така е и на светско ниво.

Со посебен акцент на оваа средба се издигна можноста за остварување на олимписки норми за олимписките игри кои ќе се одржат токму во Токио, Јапонија.

Дејан Георгиевски, Филип Додевски и Анамарија Георгиевска се тројцата Македонски репрезентативци кои ќе учествуваат на квалификациониот турнир за остварување на олимписки норми при крајот на месец Јануари 2021 година во Софија.

Јапонскиот амбасадор Н.Е Хиронори Савада истакна дека оваа наша средба ќе прерасне во соработка за дополнителен развој за македонското олимписко таеквондо и дека со задоволство во идниот период ќе биде наш гостин на еден од тренинзите на нашиот национален тим.

Амбасадорот Савада е само две недели на оваа позиција во Македонија, ова му е прва официјална средба со било каква македонска делегација, што ни претставува посебно задоволство.

Јапонскиот дух, но и воопшто Јапонската држава се пример за екстремно успешен и дисциплиниран систем од кој на секое поле имаме што да научиме, лично но и како македонско олимписко таеквондо изразуваме големо задоволство и чест за оваа плодна денешна средба“, истакна тој.

Коронавирус