сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 22
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

Јанески и Љама се негативни на Ковид-19

Јанески и Љама се негативни на Ковид-19

Македонските сениорски репрезентативци во бокс, Гоце Јанески и Јасин Љама се негативни на Ковид-19 откако денеска им беа направени тестови по речиси 14. дневниот карантин по враќањето од Лондон, соопштија од боксерската федерација на Македонија.

Љама и Јанески ќе го напуштат карантинот најдоцна во понеделник а потоа ќе одат во самоизолација во своите домови.

Јанески и Љама настапија на квалификацискиот турнир во Лондон за настап на Олимписките игри во Токио, турнирот беше откажан по само два дена, македонските репрезентативци благодарение на ангажманот на Боксерската федерација, Амбасадите на Македонија во Лондон и Софија безбедно се вратија дома и беа во карантин во Скопје.

Коронавирус