четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 195
home Останати спортови

Јамајка со три екипажи на ЗОИ во боб – санкање

Јамајка со три екипажи на ЗОИ во боб – санкање

Јамајка на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) за прв пат во својата историја ќе биде претставена со дури три екипажи во боб – санкање, објави денеска Олимпискиот комитет на Јамајка.

– Тоа ќе биде оган на мразот, објави Олимпискиот комитет на Јамајка на својот Твитер профил, најавувајќи го настапот на трите екипажи во машка и женска конкуренција на Игрите што од 4 до 20 февруари ќе се одржат во Пекинг.

Јамајка за прв пат настапи во боб санкање на ЗОИ 1998 во Калгари, а нивниот подвиг подоцна беше инспирација за филмот „Rasta Rockett-Cool Running“, кој доживеа голем успех. Еден од членовите на тој легендарен екипаж, Крис Стоукс, е актуелен претседател на Федерацијата во боб-санкање на Јамајка.

Коронавирус