вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 106
home Останати спортови

Ја почувствува најголемата болка: Играч итно заврши на операција откако доби удар во препони со брзина од 164 км на час (ВИДЕО)

Ја почувствува најголемата болка: Играч итно заврши на операција откако доби удар во препони со брзина од 164 км на час (ВИДЕО)

Беше тоа гадна работа и тоа онаа после која не се чувствуваш подобро наредниот ден. Болно било тоа да се гледа, кажа за немилиот настан менаџерот на Кардинал, Мајк Матени.

Фаќачот на Сент Луис Кардиналс, Јадиер Молина добро ќе го запамети саботниот натпревар против Чикаго Кабс. Бејзбол играчот ја доживеа најлошата ноќна мора за секој маж, топката фрлена со 164 километри на час од Џордан Хикс заврши точно меѓу неговите препони.

Молина беше спремен да ја фати топката, но удирачот на Кабс. Крис Брајант го допре топчето и го прати на најнезгодното место. Несреќниот Молина веднаш се сруши како покосен, превртувајќи се од болки.

-Беше тоа гадна работа и тоа онаа после која не се чувствуваш подобро наредниот ден. Болно било тоа да се гледа, кажа за немилиот настан менаџерот на Кардинал, Мајк Матени.

-Едноставно не можеше да се помрдне. Само се обидуваше да дојде до воздух, опиша Матени.

35 годишниот Молина заврши на итна операција поради повреда. Ќе треба да паузира еден месец. Сепак може да се каже дека е среќа што Молина со сопругата Ванда Торес веќе има три деца…

Коронавирус