вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 75
home Останати спортови

Ива Свијонтек на маестрален начин дојде до трофејот на Мастерсот во Рим

Ива Свијонтек на маестрален начин дојде до трофејот на Мастерсот во Рим

Ига Свијонтек се закити со трофејот на турнирот во Рим откако во финалето ја декласираше Каролина Плишкова со два пати по 6-0, 6-0.

Полската тенисерка влезе како фаворитка во финалето, но никој не очекуваше дека може на ваков начин да ја демолира ривалката од Чешка.

Свијонтек во првиот сет и препушти на Плишкова само четири поени, а потоа продолжи да доминира до самиот крај, минувајќи на теренот само 46 минути за својата прва титула на ВТА 1000 турнирите.

Ова е прва максимална победа од 6-0, 6-0 на едно финале од поголемите турнири откако Штефи Граф со идентичен резултат ја демолираше Наташа Зверева на Ролан Гарос во 1988 година.

Седум години претходна, Крис Еверт на идентичен начин ја понижи Мартина Навратилова во финалето на турнирт во Амелија Ајланд.

ЕУРО 2020

Македонија