понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 63
home Останати спортови

Италија и Словенија ќе играат во финалето на ЕП во одбојка

Италија и Словенија ќе играат во финалето на ЕП во одбојка
18.09.2021, Katowice, Spodek Volleyball, Europameisterschaft / Eurovolley 2021, Halbfinale, Polen (POL) vs. Slowenien (SLO) Foto: Conny Kurth / www.kurth-media.de

Машките репрезентации на Италија и Словенија ќе играат во големото финале на 32. одбојкарско Европско првенство.

Италијанците во второто денешно полуфинале беа подобри од актуелниот шампион, бранителот на круната Србија со 3-1 во сетови. Ова за Италија ќе биде 11. финале, а до истото истигнаа со резултат 29-27, 25-22, 23-25, 25-18.

Словенија пак во Катовице го шокираше домаќинот Полска кој влезе како огромен фаворит во дуелот, дуел кој и така го започна со оглед на тоа што првиот сет го реализираше со 25-17. Меѓутоа работите потоа се променија, избраниците на Џулијани заиграа на далеку повисоко ниво, беа фокусирани во најважните моменти и со 32-30, 25-16, 37-35 обебедија третот континентално финале, борба за златото.

Во недела од 17:30 часот е мечот за бронзата меѓу Полска-Србија, додека од 20:30 Словенија и Италија ќе водат битка за одбојкарскиот трон на стариот континент.

Локални избори 2021