петок, 23. август 2019. Вести денес: 1
home Останати спортови

Историски успех во македонскиот моторциклизам

Историски успех во македонскиот моторциклизам

Христијан Бузалковски и 71 Тим првиот македонски тим кои што настапи на Европскиот Интернационален шампионат Алпе Адриа.

Викендов се возеа првите две трки од Алпе Адриа шампионатот,на добро познатата светска патека Словакиа Ринг, во Словачка. За прв пат во историјата на македонскиот моторциклизам,македонски тим зема зема учество на ваков силен и високо рангиран шампионат.

Тимот 71, заедно со Христијан Бузалковски за прв пат настапија на ваков силен шампионат и притоа остварија многу добри резултати.

На првата трка завршија на 18та позиција,а на втората трка на 20-та позиција,од вкупно 40 возачи.

Овој шампионат е отскочна даска за настап на светско првенство,бидејќи учество зимаат врвни светски и европски тимови и возачи,па едни меѓу нив е и македонскиот 71 тим.