недела, 29. март 2020. Вести денес: 37
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

Исповед на спортисти заразени со коронавирус

Исповед на спортисти заразени со коронавирус

Некој немал сила да се движи, друг имале голем проблем со кашлицата… коронавирусот не ги поштедува ниту спортистите. Се повеќе спортисти се заразени со опасниот вирус.

Неколку од нив за медиумите раскажале како минале низ пеколот наречен коронавирус.

20-годишниот Лука Килијан е фудбалер на Падерборн и млад репрезентативец на Германија. Тој официјално е првиот фудбалер од Бундеслигата заразен со коронавирусот. И Жонатас де Жезис , 31 годишниот напаѓач на шпанскиот Елче минал низ истите маки, како и олимпискиот шампион во пливање Камерон ван дер Бург.

-Се започна на 10 март со мала иритација на грлото. Утредента добив и главоболка, но продолжив да тренирам. Веќе на 12 март започнав да чувствувам бранови на жештина. Започна треската. Ми беше страв. Јас сум спортист во форма, но тешко се борев против овој вирус. За луѓето кои веќе се болни вирусов може да биде опасен по живото. Треба сериозно да се сфати, раскажал младиот фудбалер Лука Килијан.

Бразилецот Де Жезус своето искуство го раскажал за бразилскиот „Глоб“.

-Не можев да тренирам поради слабост. Посебно првиот ден. Немав сила да се движам. Кога заминав во бањата да се истуширам за малку ќе паднев во несвест. Беше тоа многу болно, нешто што претходно никогаш не сум го почувствувал. Овој вирус не е шега, истакнал Жезус кој сега е во самоизолација во Шпанија.

Јужноафриканскиот пливач Ван дер Бург на социјалните мрежи напиша.

-Тоа беше најлошиот вирус кој некогаш сум го имал во животот, иако сум здрава индивидуа со силни бели дробови, која води здрав живот и која е млада. Иако најчестите симптоми веќе ги немам и понатаму чувствувам замор и кашлицата не престанува. Со часови сум уморен дури и после најобична физичка активност како прошетка, напиша славниот пливач.