сабота, 23. септември 2023. Вести денес: 55
home Останати спортови

Инцидент во Бизнис лигата на Македонија: Топката со голема брзина заврши во лицето на новинар (ВИДЕО)

Инцидент во Бизнис лигата на Македонија: Топката со голема брзина заврши во лицето на новинар (ВИДЕО)

Во Македонија веќе неколку години редовно се одржува Бизнис лигата, во која компании од нашата држава се натпреваруваат во мал фудбал.

Можеби фудбалската игра во ова натпреварување не е она за што јавноста премногу знае, но сега се случи еден помалку интересен, но и болен момент.

Имено, новинарот кој земаше изјави од двајца играчи кои настапуваат во бизнис лигата, беше погоден од топка откако на загревањето еден од играчите најверојатно прво ја шутна во рамката од голот, а потоа топката заврши во лицето на новинарот.