Останати спортови

Имане Хелиф доби забрана да боксира на СП во Ниш

Имане Хелиф доби забрана да боксира на СП во Ниш

Имане Хелиф нема да учествува на Светското првенство во бокс во Ниш кое ќе се одржи од 8-16 март откако Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) и изрече официјална забрана.

Причината е високото ниво на тестостерон и сомнежите за нејзиниот пол, што предизвика огромен скандал на Олимпијадата во Париз, каде што освои златен медал.Медицинскиот извештај протече по Олимпијадата потврди дека Хелиф има внатрешни тестиси и микропенис поради генетски проблем, што дополнително ја зацврсти одлуката на ИБА.

Алжирката не учествуваше иа на СП 2023 година од истите причини, но и беше дозволено да се натпреварува во Париз откако МОК ја презеде управата на олимпискиот бокс.

To top