среда, 26. септември 2018. Вести денес: 105
home Останати спортови

Имаа непосакувани гости: Летечки мравки го земаа шоуто на мечот меѓу Вознијацки и Макарова (ВИДЕО)

Имаа непосакувани гости: Летечки мравки го земаа шоуто на мечот меѓу Вознијацки и Макарова (ВИДЕО)

Каролине Вознијацки е најголемото разочарување на досегашниот дел од женскиот дел на Грен слемот Вимблдон. Данската тенисерка која беше втора фаворитка за трофејот не успеа да се пласира ниту помеѓу 32-те најдобри.

Вознијацки вчера загуби од Русинката Елена Макарова, а за време на нивниот меч беше вознемирувана од летечки мравки. Можеби мравките се една од причината за големото изненадување кое се случи во второто коло на Вимблдон.

Макарова во следната рунда ќе игра со Луси Сафарова од Чешка.