среда, 28. јули 2021. Вести денес: 152
home Останати спортови

Иџе шести на првата трка на „Валелунга“

Иџе шести на првата трка на „Валелунга“

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе освои поени на првата од двете трки на патеката „Валелунга“ во рамки на ТЦР-шампионатот во Италија.

Иџе тргна од десеттата позиција на стартот на трката, а до финишот успеа да напредува за четири места. Македонецот со своето возило „Хјундаи“ така ќе стартува од шестата позиција на следата трка која се вози попладнево.

Победник на трката беше Ерик Бриљадори, пред Салваторе Тавано, а италијанската доминација на подиумот ја расипа Анти Бури од Финска.

 

Коронавирус