петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

И УС опен добива нов термин?

И УС опен добива нов термин?
Фото: usopen.org

Пред неколку дена, американската тениска асоцијација објави дека УС Опен ќе се игра нормално, кон крајот на август и почетокот на септември во Њујорк, но директорот на федерацијата, Мајкл Даус во понеделникот изјави дека една од опциите е да се пресели турнирот во Индијана Велс во ноември.

– Оваа опција ја имаме на располагање ако работите со коронавирусот не се подобрат. Сè е подобро од откажување, рече Даус.

Гренд слем турнирот УС Опен е предвидено да започне со квалификации на 24 август, а со оглед на тоа што Њујорк е најголемото фокусно место на американскиот коронавирус, сигурно е дека ќе се игра без гледачи.

Индијан Велс е втор по големина тениски комплекс во САД.

Коронавирус