понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 56
home Останати спортови

Хулиганите фатени на камера: Уапсени тројца од напаѓачите на ватерполистите (ВИДЕО)

Хулиганите фатени на камера: Уапсени тројца од напаѓачите на ватерполистите  (ВИДЕО)

Гостин во едно од кафулињата на сплитското шеталиште, воодушевен од убавото време, со својот телефон сакал да овековечи едрилица во морето.

Прегледувајќи ја после снимаката, кога веќе му станало јасно дека имало инцидент во кој хулигани ги нападнале српските ватерполисти, сфатил дека го регистрирал моментот кога еден од насилниците го бркал српскиот ватерполист, Алесандро Краљ.

Сплитската полиција утрово приведе тројца  мажи за  вчерашниот напад  на ватерполистите на Црвена Звезда а во тек е потргата по уште едно лице.

Хулаганите со палки   нападнале тројца српски  спортисти кои седеле во кафуле во Сплит. Еден од нападнатите скокнал во море за да се спаси. Во врска со нападот се огласи и српскиот претседател.

И хрвтската влада  го осуди  насилството врз играчите на српскиот тим, кои допатувале во Сплит да одиграат натпревар.