понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 74
home Останати спортови

Хорор судир на Ф3 трката (ВИДЕО)

Хорор судир на Ф3 трката (ВИДЕО)

Макау ГП трката од Формула 3 шампионатот е прекината, по апсолутно неверојатниот судир на тркачката Софија Флерш, која буквално со својот болид излета од патеката.

Флерш, која вози за тимот на Ван Амесфорт, ја загуби контролата на болидот откако и се откачи тркалото и излета преку возачот Шо Цубои и удри во делот за фотографите.

Засега не се јавуваат детали околу состојбата на германската тркачка, ниту на маршалите и гледачите, иако од тимот на Флерш објавија дека таа е „добро“.