среда, 23. септември 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Хорхе Лоренцо става крај на кариерата

Хорхе Лоренцо става крај на кариерата

Хорхе Лоренцо ќе ја заврши кариерата во мототрките.

32-годишниот Шпанец се откажува по завршувањето на оваа сезона, откако остана само една трка до крајот, онаа во Валенсија.

Лоренцо е трикратен МотоГП шампион и го прекинува учеството поради една година полна со повреди.

Шпанскиот возач е шампион во кралската класа за 2010, 2012 и 2015 година. Во 202 трки, Хорхе има 47 победи, вкупно 114 пласмани во првите три, како и 43 пол-позиции.

Лоренцо се натпреварува во МотоГП од 2008 година, а претходно учествуваше во Мото 2 и Мото 3 шампионатите. (МИА)

Коронавирус