четврток, 18. октомври 2018. Вести денес: 115
home Останати спортови

Херој на месецот: Алпинист со ампутирани нозе го искачи Монт Еверест (ФОТО)

Херој на месецот: Алпинист со ампутирани нозе го искачи Монт Еверест (ФОТО)

Кинескиот алпинист, Сиа Бој, на кого двете нозе му се ампутирани и носи протези, го оствари својот сон искачувајќи се на врвот на Монт Еверест. Сиа во петиот обид успеа да стигне до посакуваната цел на највисоката планина во светот со 8.848 метри. Тој има 69 години, носи протеза по амрутираните нозе во 1996 година поради редок облик на рак во крвта.

-Да дојдам до врвот на Монт Еверест е мојот сон. Тоа е мој личен предизвик, предизвик на мојата судбина, изјави неодамна алпинистот.

Пред него, алпинист кој со две ампутирани нозе се искачил на Монт Еверест е Новозеланѓанецот Марк Инглиш во 2006 година.

Сезоната на освојувања на Монт Еверест е во полн ек. Временските услови се поволни, а до крајот на сезоната околу 700 алпинисти ќе се обидат да дојдат до „кровот на светот“.