петок, 24. септември 2021. Вести денес: 132
home Останати спортови

Хероината Бајлс има „демони“, Американките им го препуштија златото на Русинките

Хероината Бајлс има „демони“, Американките им го препуштија златото на Русинките

Ставен е крај на американската доминација во женската гимнастика на големи приредби. По поразот од Русија во драматичното тимско финале, Американките го признаа поразот. но проблемите на нивната прва ѕвезда Симон Бајлс ги наполни американските медиуми.

Бајлс се повлекла поради „ментални причини“ и можно е да не настапи повеќе на Олимписките игри во Токио. 24-годишната американска хероина направи некарактеристична грешка при прескокот, по што беше повлечена од натпреварувањето.

„Се справувам со некои работи внатрешно и мора да ги решам следните неколку дена. Мислам дека ќе подготвена за повеќебојот в четврток“ изјави Бајлс по финалето.

Американската гимнастичка федерација објави дека се работи за „неодреден медицински проблем“ и дека Бајлс ќе биде надгледувана пред индивидуалните финалиња.

Рускиот квартет Ангелина Мелникова, Владислава Уразова, Викторија Листунова и Лилија Ахајмова стигна до злато по двете сребра на последните две Олимпијади. Ова е прво најсјајно одличје по распадот на Советскиот Сојуз во женска конкуренција во екипен повеќебој.

Коронавирус