сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 77
home Останати спортови

Хамилтон со рутинска победа ја заврши сезоната во Формула 1

Хамилтон со рутинска победа ја заврши сезоната во Формула 1

Со водство од првиот до последниот круг, Луис Хамилтон победи на трката од Формула 1 шампионатот во Абу Даби, последна за оваа сезона.

Пилотот на неприкосновениот Мерцедес со победата број 11 сезонава, само ја потврди доминацијата во овој тркачки спорт во кој сега има шест шампионски титули.

Второто место го освои Макс Ферстапен од Ред Бул, додека третата позиција му припадна на Шарл Леклер од Ферари. Тоа е последна трка сезонава, а во следната Хамилтон ќе има можност со нова титула да се изедначи со рекордерот Михаел Шумахер, кој седумпати беше првак.  (МИА)

Коронавирус