петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Останати спортови

Хамилтон со најдобро време на првиот тренинг на Големата награда на Италија

Хамилтон со најдобро време на првиот тренинг на Големата награда на Италија

Најдобро време на првиот слободен тренинг на ГН на Италија оствари возачот на тимот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

Втор беше Макс Верстапен од Ред Бул. На третата позиција е уште еден претставник на Мерцедес, Валтери Ботас.

Четвртото место му припадна на Ленс Строл (Астон Мартин).

Во првите десет се најдоа и Пјер Гасли од Алфа Таури, Себастијан Фетел од Астон Мартин, Карлос Сајнц од Ферари, Фернандо Алонсо од Алпин, Даниел Рикардо од Мекларен и Серхио Перез од Ред Бул.

Главната трка од Формула 1 шампионатот во Монца ќе се вози в недела со почеток во 15 часот.  (МИА)

Коронавирус