Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ќе ја пропушти трката закажана за викендов за Големата награда на Шакир во Бахреин откако добил позитивен тест на коронавирус.
Од тимот на Мерцедес, истакнале дека Хамилтон се разбудил вчера во благи симптоми, а по извршените две тестирања добил потврда дека е позитивен на Ковид-19.
-Освен благите симптоми, тој е добар и целиот тим му испраќа желби за брзо заздравување, стои во соопштението на Мерцедес.
Хамилтон е третиот возач во Формула 1 кој е позитивен на коронавирус оваа сезона, по Серхио Перез и Ленс Строл.