петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 162
home Останати спортови

Хамилтон повторно е светски шампион во Формула 1!

Хамилтон повторно е светски шампион во Формула 1!

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон по шести пат стана шампион во светот во Формула 1.

Британецот го освои второто место на Големата награда на САД и тоа му беше доволно за титулата шампион. Победата на патеката во Оустин ја однесе неговиот клупски колега Валтери Ботас, а до победата дојде откако во финишот го претрка токму Хамилтон.

 

За Бота ова е вкупно седма победа во кариерата, а на подиумот се најде и Макс Верстапен.

Возачот на Ферари Шарл Леклер заврши како четврти. Уште една трка за заборав имаше Себастијан Фетел кој воопшто и не ја заврши трката.