петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

Хамилтон порача дека нема симптоми на коронавирус, а потоа ги остави сите без зборови со својот потег

Хамилтон порача дека нема симптоми на коронавирус, а потоа ги остави сите без зборови со својот потег

Новата сезона во Формула 1 требаше да започне минатата недела со трката за Големата награда на Австралија.

Сепак, неколку дена пред почетокот на новата сезона, ФИА одлучи да го одложи стартот, откако еден од членовите на Мекларен беше позитивен на коронавирусот.

Новата сезона е одложена на неопределен период и не е познато кога ќе започне. Возачите се вратиле во своите домови каде што се во изолација и ги почитуваат утврдените правила.

Синоќа на Инстаграм повторно се огласи Луис Хамилтон за кој се зборуваше дека можеби е заразен затоа што беше во контакт со луѓе за кои на крајот се покажа дека се заразени од коронавирусот.

Сепак, Хамилтон порача дека бил во карантин извесен период и немал никакви симптоми. Затоа одлучи да ги поклони своите тестови на некој на кој тоа му е потребно.

„Имаше многу шпекулации за моето здравје откако бев на настан каде имаше и заразени со коронавирус. Јас сум во изолација и немам никакви симптоми. Се чувствувам добро и тренирам два пати на ден. Разговарав со докторот и прашав дали треба да се тестирам, а тој ми рече дека немам потреба. Ги давам тестовите што ги имам на оние на кои навистина им треба, бидејќи знам дека има ограничен број на тестови во Велика Британија. Се надевам дека ќе помогнам некого“, рече Хамилтон.

Коронавирус