среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Хамилтон победи во Мексико, но за титула ќе почека до Тексас

Хамилтон победи во Мексико, но за титула ќе почека до Тексас

Британскиот Ф1-возач Луис Хамилтон ја оствари целта и победи на трката за ГН на Мексико која се возеше во Мексико Сити.

Актуелниот првак не беше лидер до средината на трката, но потоа го презема првото место и ниту еднаш не дозволи друг возач да биде на истото. На Хамилтон му требаше победа во Мексико за титула, но под услов Ботас да заврши подоле од четвртото место, нешто што не се случи, па титулата ќе се брани во Остин, Тексас.

Втората позиција на Ф1-трката му припадна на Себастијан Фетел од Ферари, додека подиумот го комплетира Валтери Ботас. На четвртото место заврши Чарлс Леклерк, потоа следеше Александре Албон од Ред Бул, пред клупскиот колега Макс Вертсапен. Најдобрите десет ги комплетираа Себастијан Перез, Даниел Рикардо, Даниел Квјат и Пјер Гасли.

За Луис Хамилтон ова беше 83 триумф во кариерата. На наредната трка, Хамилтон ќе треба да освои четири поени повеќе од Валтери Ботас за официјално да биде крунисан за старо-нов првак во најбрзиот автомото спорт, шести пат во историјата.