вторник, 28. јануари 2020. Вести денес: 138
home Останати спортови

Хамилтон нема намера да го напушти Мерцедес

Хамилтон нема намера да го напушти Мерцедес

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека би сакал да остане во тимот и по истекот на неговиот договор кој има важност до крајот на 2020 година.

– Сè уште нема одлука, но јас дефинитивно уживам во тоа што го правам сега и не гледам причина да престанам со тоа. Кога има предизвик, а новите правила се неверојатен предизвик за мене како пилот, тоа е вистинска можност да ги покажам своите вештини, да покажам што научив низ годините и да му помогнам на тимот да избере вистинска насока, да го изгради најбрзиот автомобил и да го подобри. Затоа не се гледам никаде на друго место. Навистина ми се допаѓа во Мерцедес. Драго ми е што сум дел од овој бренд и нејзината историја. Значи, главната идеја е да останам тука, изјави Британецот.

Хамилтон оваа сезона која сè  уште не е завршена, ја обезбеди шестата титула шсветски шампион во Формула 1.