вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 131
home Останати спортови

Хамилтон: Не размислувам за пензија, сакам да извлечам максимум од мојот талент

Хамилтон: Не размислувам за пензија, сакам да извлечам максимум од мојот талент

Британецот Луис Хамилтон неодамна најави дека би можел да се повлече од Формула 1 спортот. Но, сега, откако ја освои шестата шампионска титула, нешто како да се промени, па тој вели дека има нови амбиции и дека моментално не размислува за пензија.

„Секако, тоа е најтажниот ден за спортистите, кои мора да остават нешто што го сакале цел живот. Но, затоа имам и други работи што можам да ги правам. Јас сум дел од модниот бизнис, тоа минува навистина добро досега, но не знам колку време ќе трае.

Но, барем јас имам други интереси. Има многу други работи што ме интересираат, знам дека мојот живот нема да заврши кога ќе се повлечам од Формула 1. Но, сега се чувствувам доволно добро за да продолжам и да се обидам да извлечам максимум од мојот талент“, вели британскиот возач.

Неговата доминација би можела да продолжи наредната година, кога ќе има шанса да се израмни со Михаел Шумахер. Доколку нешто драстично не се промени меѓу конкурентите, 34-годишникот ќе биде главен конкурент за шампионскиот трофеј.

Се шпекулира и негова преселба во Ферари, но Мерецедес потврди дека тоа нема да го дозволи во никој случај.