среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 179
home Останати спортови

Хамилтон наскоро ќе ја добие титулата Сер

Хамилтон наскоро ќе ја добие титулата Сер

Луис Хамилтон изминатиот викенд со болидот на Мерцедес стигна до 6 титула во Ф1 циркусот. Поради резултатите и заслугите на Хамилтон, во Британија е покрената  иницијатива Луис Хамилтон да ја добие титулата Сер. На се она што постигна во светот на спортот со само 34 години, неговата земја ќе му се заблагодари на витештвото.

Од светот на автомобилизмот досега титула „сер“ добија петмина, и тоа Џек Бребем, Френк Вилијамс, Стерлинг Мос, Џеки Стјуарт и Патрик Хед, а Хамилтон се очекува да биде шестиот. Од активните британски спортисти оваа титула ја добија тенисерот Енди Мареј и атлетичарот Мо Фарах. Мал минус за да не ја добие оваа титула, на Хамилтон му се смета тоа што живее во Монако и таму плаќа порез.

Британецот е на само една титула од израмнување со рекордерот Михаел Шумахер кој 7 пати беше светски шампион во најбрзиот авто-мото спорт.

извор: dribling.mk