петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Хамилтон ја грабна пол-позицијата и во Абу Даби, вториот ред резервиран за Ферари

Хамилтон ја грабна пол-позицијата и во Абу Даби, вториот ред резервиран за Ферари

Старо-новиот шампион на Формула 1 шампионатот, Луис Хамилтон, продолжува со одличните настапи оваа сезона, која е пред самиот крај. Возачот на Мерцедес денес стигна до нова пол-позиција, откако во квалификациите за Големата награда на Абу Даби забележа најдобро време.

Со време од 1:34:828, Британецот беше најбрз на патеката во Емирати, а неговиот клупски колега Валтери Ботас иако имаше втор најдобар настап нема да стартува од таа позиција, затоа што поради промената на моторот е казнет со последно стартно место.

Така, до Хамилтон ќе биде Макс Верстапен, додека вториот ред е резервиран за шоферите на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел.

Утрешната трка за Големата награда на Абу Даби, која е последна од овосезонската програма на Формула 1 шампионатот, својот почеток ќе го има од 14:10 часот.

Коронавирус