петок, 29. јули 2022. Вести денес: 128
home Останати спортови

Хамилтон го собори рекордот на Шумахер

Хамилтон го собори рекордот на Шумахер

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, заврши на третото место на денешната трка за Големата награда на Британија. Британецот го освои подиумот во Силверстоун по рекорден 13. пат.

Хамилтон го собори рекордот на Михаел Шумахер по број на подиуми на едно патека.

-Многу сум благодарен за напорната работа на тимот што го подготви ажурирањето. Станавме подобри и ќе продолжиме да работиме. Подиумот беше огромен бонус. Ќе дадеме се од себе и ќе испратиме позитивни пораки до сите вас, изјави Хамилтон, за „Sky Sports“.

Воедно, Хамилтон е единствениот пилот кој ги извози сите десет трки во досегашнито дел од сезоната во Формула 1. Тимскиот колега Џорџ Расел освоија бодови на девет од десетте трки во 2022.

Коронавирус