среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Останати спортови

Хамилтон: Ботас си го заслужи своето место во Мерцедес

Хамилтон: Ботас си го заслужи своето место во Мерцедес

Луис Хамилтон верува дека Валтери Ботас „си го заслужил“ своето место во Мерцедес, откако победата му избега во последните кругови во Азербејџан. Многу пати било поставено прашањето дали Финецот е доволно соодветен за тимот, откако го замени Нико Розберг во 2017 година.

Валтери направи силен старт на сезоната 2018 и можеше да биде на чело во генералниот пласман пред трката во Шпанија, доколку не се случеше инцидентот со неговата задна гума во Баку. Неговиот клупски колега ја освои победата, а по трката прво отиде да се види со Ботас, пред да се качи на подиумот.

-Повеќе од било кога досега докажа дека го заслужи своето место тука. Мислам дека тимот треба да биде многу задоволен од тоа. Знам многу добро колку е тешко во такви денови, кога победата е во твои раце, но одеднаш ти ја одземаат – сум доживеал такви моменти, изјави Хамилтон.

(Миа)