вторник, 3. август 2021. Вести денес: 174
home Останати спортови

Халеп никогаш подобра, ја растури Вилијамс и го освои првиот трофеј на Вимблдон

Халеп никогаш подобра, ја растури Вилијамс и го освои првиот трофеј на Вимблдон

Симона Халеп одигра неверојатен меч, нејзиниот најдобар во кариерата, за 56 минути ја победи Серена Вилијамс во финалето и прв пат го освои Вимблдон.

Вимблдон има нова шампионка, Симона Халеп со фантастичен перфроманс ја победи Серена Вилијамс и дојде до огромниот трофеј.

Мечот не траеше ни еден час, Халеп победи со 6-2 и 6-2 за само 56 минути игра.

По натпреварот таа беше прашана дали некогаш одиграла подобар меч од овој, таа одговори: „Никогаш“.

И Серена Вилијамс беше полна со комплименти за Халеп велејќи дека Романката одиграла меч кој е надвор од умот.

Коронавирус