недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 0
home Останати спортови

Халеп го освои Монтреал

Халеп го освои Монтреал

Романската тенисерка Симона Халеп е победничка на Роџерс купот во Монтреал, Канада.

Таа синоќа во финалето по голема борба ја совлада Слоун Стивенс од САД со 2-1, по сетови 7:6, 3:6 и 6:4, за во моментов најдобрата тенисерка на светот, ова е втор трофеј од овој престижен турнир.

Воедно Халеп стигна до третиот трофеј оваа сезона и вкупно 18. во кариерата.

Наградниот фонд на Роџерс купот во Монтреал изнесуваше 2,82 милиони долари.

МИА