понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 141
home Останати спортови

Хабиб: Ставете се во моја кожа, цел свет седи дома, а јас мора да се борам?!

Хабиб: Ставете се во моја кожа, цел свет седи дома, а јас мора да се борам?!

Коронавирусот откажа и одложи многу големи спортски настани во 2020 година, а еден од нив, очигледно, ќе биде спектакуларната борба за титулата во лесна категорија во УФЦ. Актуелниот шампион, Хабиб Нурмагомедов е во својот дом, во Дагестан, а границите на Русија се затворени, па тој побара од светот да има разбирање за него.

Откако Русија ги затвори границите пред неколку дена, стана јасно дека борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон, планирана за 18 април – нема како да се случи. Од Русија не смее никој да излезе, ниту, пак, смее да влезе, а УФЦ не може да седи и да чека до 18 април дали ќе се смени нешто. Разочараните фанови почнаа да негодуваат по социјалните мрежи, главно со прстот кон Нурмагомедов, но тој се огласи преку Инстаграм, барајќи разбирање.

„Седејќи дома во карантин и читајќи ги реакциите на луѓето за ситуацијата околу мојата борба, излегува дека целиот свет треба да биде во карантин, сите влади на сите земји, сите славни луѓе во светот апелираат да се следат безбедносните мерки за да се спречи ширење на болеста и да се спасат луѓе, а Хабиб е единствениот ослободен од обврски, кој мора да покаже слободна волјада тренира и да лета низ светот само за една борба? Јас разбирам сè и дефинитивно сум разочаран повеќе и од вас за откажувањето на борбата. Имав многу планови за после борбата, но не моам да контролирам сè. Најголемите земји, најсилните компании низ светот се шокирани од тоа што се случува, секој ден ситуацијата се менува неочекувано, но Хабиб мора да се бори, тоа велите? Чувајте се и обидете се да се ставите во моја кожа“, истакна Хабиб.

Иронично е што ова е веќе петта борба меѓу Нурмагомедов и Фергусон која се откажува поради некоја причина од 2015 наваму. Досега беше повреда на едниот или на другиот, но сега е виша сила. Нурмагомедов се смета за еден од најдобрите борци воопшто во УФЦ, не само во лесна категорија, со оглед дека има 28 борби во професионалната кариера и исто толку победи. Меѓутоа, никогаш не се борел со Фергусон, некрунисаниот шампион во лесна категорија, кој исто како Хабиб, има серија од 12 победи и делува несовладливо во октагонот.

Сега останува слатка мака на УФЦ да реши што ќе прави со настанот, кој, дефинитивно, ќе се случи, иако без публика, во Лас Вегас. Во игра се ѕвезди како Конор Мекгрегор, Хорхе Масвидал, Франсис Нгану…

 

View this post on Instagram

 

Staying home in quarantine and reading the reaction of people to the situation around my fight, it turns out that the whole world should be in quarantine, governments of all countries, famous people around the world urge people to follow all safety requirements in order to limit the spread of the disease, to save people, and Khabib is the only one relieved of all obligations and must demonstrate free will and train flying around the world, for the sake of fight? – I understand everything and I’m definitely upset more than you to cancel the fight, probably like all others, I had many plans after the fight, but I can’t control it all. The greatest countries and the largest companies of our time are shocked by what is happening, every day the situation changes unpredictably. But Khabib still has to fight, is that what you saying? – Take care of yourself and put yourself in my shoes. – ? Сижу дома на карантине и читаю реакцию людей на ситуацию вокруг моего боя, получается весь мир должен сидеть на карантине, правительства всех стран и известные люди всего мира призывают людей соблюдать требования безопасности, чтоб ограничить распространение болезни ради спасения людей, а Хабиб, освобождён от всех обязательств и должен демонстрировать свободу воли и тренироваться летая по всему миру рискуя своей жизнью ради боя ? – Я все понимаю и точно не меньше вас расстроен отменой боя, наверно у меня , как и у всех других, было много планов после боя, но я не в силах контролировать все это. Сверх державы и крупнейшие компании нашего времени в шоке от того, что происходит, каждый день ситуация меняется непредсказуемо. Но Хабиб все равно должен драться, так получается? – Берегите себя и поставьте себя на мое место.

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov) on

Коронавирус