вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Останати спортови

Гвинеја се повлече од ОИ поради влошената состојба со коронавирус

Гвинеја се повлече од ОИ поради влошената состојба со коронавирус

Гвинејскиот министер за спорт, Сануси Бантама Соу изјави дека олимпискиот тим на земјата одби да учествува на Игрите во Токио 2020 година, поради ситуацијата со коронавирусот.

Зборовите на официјалното лице, упатени до претседателот на олимпискиот комитет на Гвинеја, ги цитира агенцијата „АФП“.

– Поради КОВИД-19, владата, загрижена за здравјето на гвинејските спортисти, за жал одлучи тимот да не се натпреварува на Олимписките игри во Токио, соопшти Соу.

Во исто време, извор на АФП близок до владата на земјата смета дека одлуката е поврзана и со недостаток на средства за покривање на трошоците за патувањето во Јапонија.

Пет спортисти требаше да се натпреваруваат за Гвинеја на Олимписките игри во Токио: Фатумата Јари Камара (борење во слободен стил), Мамаду Самба Ба (џудо), Фатумата Ламарана Туре, Мамаду Таиру Ба (двајцата во пливање) и Аисата Дин Конте (трчање на 100 м).

Коронавирус