понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 173
home Останати спортови

Гркот се уште не може да се помири со поразот во Париз: Она што го чувствувам во себе…

Гркот се уште не може да се помири со поразот во Париз: Она што го чувствувам во себе…

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се уште не може да го преболи поразот во финалето од Ролан Гарос годинава.

Циципас се присети на финалето пред учеството на турнирот во Хамбург, па потенцира дека тоа се уште го прогонува.

„Се обидувам да научам нешто од тоа финале. Мислам дека тоа ќе ми даде сила за во иднина, бидејки сум луд, тоа финале ме излудува“.

Гркот признава дека тој пораз ќе му ја одбележи кариерата, бидејки смета дека бил толку блиску до трофеј.

„Разговарав со мојот тим со цел да најдам решение и да го освојам првиот Гренд слем во кариерата. На Ролан Гарос бев толкуѕ блиску, на крајот се случи фрустрација, иако јас тоа не го покажував. Не е лесно кога сте толку блиску до титула, а сепак да загубите“, порача грчкиот тенисер.

Локални избори 2021