вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Останати спортови

Грчкиот тим во уметничко пливање се повлече поради коронавирус

Грчкиот тим во уметничко пливање се повлече поради коронавирус

Грција се повлече од натпреварувањата во уметничко пливање на Игрите во Токио, откако четири нејзини спортистки се позитивни на Ковид-19, објави денеска Грчкиот олимписки комитет (ХОЦ).

Една од пливачките била позитивна на коронавирус во понеделникот, а уште три други добиле позитивен тест во вторникот, поради што сите се изолирани во карантин.

Организаторите на Олимписките игри соопштија денеска за нови 18 позитивни случаи на коронавирус.

Со тоа, вкупната бројка на заразени случаи поврзани со Олимписките игри се искачи на 294.

Коронавирус