вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 80
home Останати спортови

ГОРДОСТ: Македонија доби европски шампион во таеквондо, уште низа успеси за младите спортисти

ГОРДОСТ: Македонија доби европски шампион во таеквондо, уште низа успеси за младите спортисти

На седмото европско првенство за клубови во Солун 2019 таеквондо клуб Бутел настапи со сениорскиот тим.

Филип Додевски, категорија европски шампион -87кг со пет победи освои златен медал.

Македонија доби европско сениорско злато.

Тој во полуфинале го победи бронзениот медалист од Светско првенство Трабелси од Тунис кој се бори за австриски клуб.

Македонската гордост оставри победи над:
Прва- Диамантидис Грција.
Втора- Бабаевски Русија.
Трета- Антониос Грција.
Четврта- Трабелси Тунис.
Петта- Драшко Јованов Србија.

Дејан Георгиевски категорија +87кг со две победи освои сребрен медал. Добивме европско сениорско сребро, во финале цврста до крај борба со актуелниот светски шампион Абдул од Нигерија кој се бори за австриски клуб.

Тој победи над:Марчетиќ од Србија и Омар од Франција.

Одлични настаи имаа и Анамарија Георгиевска, Марко Стевиќ и Иван Крстевски. Костадин Георгиевски загуби во тесна битка за медал.