среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 6
home Останати спортови

Горан Чавдарoвски ненадејно почина

Горан Чавдарoвски ненадејно почина

Атлетската федерација на Македонија денес со жалење објави дека вчера ненадејно почина професорот Горан Чавдаровски, поранешен атлетичар, тренер и спортски работник.

Горан Чавдаровски роден 17 септември 1967г година во Тетово. Основното и средното образование го завршил во Тетово, а потоа и Факултет за Физичка култура во Скопје.

Како атлетичар во АК Љуботен од Тетово настапувал во дисциплините на 100, 200, 300 и 400 метри, каде освоил повеќе медали, бил член и во репрезентацијата на Македонија како и во штафетата која била рекордер на Македонија на 4х300 метри за млади младинци.

Како тренер работел и е иницијатор на формирање на атлетскиот клуб Тетово од 1983 година. Со клубот создал повеќе државни прваци и репрезентативци, додека во Атлетска федерација бил на позициите селектор и претседател на тренерската комисија.

ЕУРО 2020

Македонија